Азески: Ќе го паметитеме Тоше Проески како бренд, како голем човек и голем Македонец
Скопје, 16 октомври (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Македонија (СКМ) Бранко Азески денеска, пред почетокот на седницата на Собранието на СКМ, изрази сочувство по повод трагичната смрт на Тоше Проески.
- Во времето кога на Македонија и требаа големи брендови, денеска ја примивме тажната вест дека еден од нашите најголеми брендови го загуби животот. Членовите на Стопанската комора, како граѓани, се особено тажни зашто загина млад човек кој можеше да придонесе многу за афирмацијата на Македонија, рече Азески.
Азески напомена дека Тоше Проески беше првиот амбасадор на Стопанската комора.
- Ќе го паметитеме Тоше како бренд, како голем човек и голем Македонец кој успеа да не извлече од ова балканско сивило. Тој до последниот момент, вклучувајќи го и последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, ги афирмираше вредностите на македонската економија. Тоше треба да остане светол пример за тоа како треба да се претставува државата и што сите ние треба да направиме за да успееме да ја издигнеме Македонија кон европските перспективи, нагласи Бранко Азески. мч/дма/14:11
###