Црвенковски:Проески беше личност која не оставаше простор да не го засакате

Скопје, 16 октомври (МИА) - Претседателот Бранко Црвенковски пред почетокот на денешниот работен ручек со претставниците на Британската бизнис група во Македонија јавно изрази сочувство до семејството Проески по повод трагичната смрт на Тоше.

- Тоше Проески беше личност која не оставаше простор и не даваше шанса да не го засакате. Од мое лично име сакам да упатам најдлабоко сочувство до семејството и најблиските на Тоше. Постои една изрека која вели дека поделена радост е поголема радост, а поделена тага е помала тага и ако тоа може да биде барем мала утеха, оваа тага по Тоше ја делат сите граѓани на Република Македонија и уште десетици илјади луѓе надвор од земјата, сите оние кои имале можност или прилика барем еднаш да го видат или барем еднаш да го слушнат неговиот глас, рече претседателот Бранко Црвенковски. мч/дма/12:47

###