Фуере: Трагичен ден за Македонскиот народ и вљубениците во музиката ширум Европа и светот
Скопје, 16 октомври (МИА) - Специјалниот претставник на ЕУ за Македонија и шеф на делегацијата на Европската Комисија, Ерван Фуере, преку соопштение изрази жалење по повод трагичната смрт на македонскиот поп пејач Тоеш Пеоески.
- Денеска е многу тажен ден за македонскиот народ, како и за сите вљубеници на музиката ширум Европа и светот. Тоше Проески беше млад, екстремно надарен и исклучително музикален. Како амбасадор на УНИЦЕФ, тој не жалеше труд во битката со хуманоста и помагањето на децата, посебно на тие со инвалидитет, како и на сите што им требаше помош. Целиот персонал на ЕУ мисијата во Скопје и јас самиот се придружуваме во жалоста со нацијата. Ние сме заедно со неговото семејство во оваа трагична загуба. наведува Фуере
Евроамбасадорот потестува дека годинава, за Денот на Европа, Европското движење поддражано од ЕУ мисијата, го награди Тоше за негово најдобро европско достигнување, признавајќи го неговиот исклучителен талент и дух на хуманоста.
- Тој беше еден од најдобрите амбасадори за државата и регионот. Неговата музика и неговиот глас ги грееја срцата на сите генерации. Тоа претставува доживотен завет, тој ќе живее со нас да ги инспирира сегашните и идните генерации, наведува Фуере во изјавата по повод загинувањето на Тоше Проески. сд/сп/13:02
###