Влатко Ѓорчев: Замина најголемиот, најталентираниот, најдобриот

Скопје, 16 октомври (МИА) - Пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска се запиша во Книгата на жалост по повод смртта на Тоше Проески отворена на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

- Замина најголемиот, најталентираниот, најдобриот. Тоше ја одбележа нашата генерација. Ќе се сеќаваме на него за 20, 30, 50 години. Неговото семејство може да е гордо зашто одгледа великан, чесен човек. Замина личност што сите ја сакавме, најголемиот, изјави Ѓорчев. мч/дма/15:29

###