Хеликоптер на АРМ вечер од Хрватска ќе ги преземе посмртните останки на Тоше
Скопје, 16 октомври (МИА) - Македонска владина делегација со хеликоптер на Армијата на Република Македонија вечер ќе ги преземе посмртните останки на Тоше Проески од Република Хрватска.
Делегацијата ќе ја предводат државниот секретар во Министерството за култура Елизабета Канчевска-Милевска и Петар Јованоски, шефот на Протоколот на Министерството за надворешни работи. хс/ли/14:15