Рушити: Веста за смртта на Тоше трагична не само за Македонија, туку и за регионот и светот
Скопје, 16 октомври (МИА) - Веста за смртта на Тоше Проески е трагична и жална не само за Македонија, туку и за регионот и светот. Музиката со ова изгуби еден извонреден уметник, хумана личност и човек кој беше надарен со ангелски глас, изјави денеска министерот за образование и наука Сулејман Рушити.
Тој рече дека гласот на Тоше треба да биде поттик и мотив за сите луѓе да бидеме хумани и да придонесеме секој на свој начин за општеството.
- Немам други зборови. Ова е вест која сите не трогна, имајќи предвид дека неговиот живот згасна токму во моментот кога го чекаше една одлична кариера и во Европа, рече Рушити, додавајќи дека за Тоше остануваат само убавите сеќавања. лѓ/дма/12:37