Седница на Владата на Република Македонија

Скопје, 16 октомври (МИА) - Владата на Република Македонија денешната  седница која ќе почне во 12 часот, ќе ја започне со едноминутно молчење по повод трагичната смрт на македонскиот поп пејач Тоше Проески.

Владата на Република Македонија на седницата ќе донесе одлука утрешниот ден, 17 октомври 2007 година, да биде Ден на жалост.

Владината прес-службата соопшти дека премиерот Никола Груевски ги задолжи министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, Министерството за надворешни работи и Државниот протокол заедно со семејството Проески да се погрижат за пренос на посмртните останки и погребот на Тоше Проески. дма/рп/11:18

###