Собранието не работи поради смртта на Тоше Проески

Скопје, 16 октомври (МИА)  - Собранието на Република Македонија денеска нема да има активности поради трагичната смрт на Тоше Проески.

Пратениците со едноминутно молчење и оддадоа почит на нашата најголема музичка ѕвезда.

Тоше Проески загина утрово во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Република Хрватска. рп/хс/11:53

###