Претседателот Бранко Црвенковски се запиша во Книгата на жалост

Скопје, 16 октомври (МИА) - Тоше ти благодарам за сите радости што ни ги даде. Секогаш ќе те сакаме... Тоа во Книгата на жалост на плоштадот „Македонија“ го запиша претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.

Тој во изјава за медиумите рече дека ја споделува тагата со граѓаните за загубата и дека си замина човекот кој постојано ни даваше прилики за радост.

- Му се радувавме на секоја песна, на секој настап, на секое негово појавување. Го сакавме сите како што тој не сакаше сите. Ја користам оваа прилика уште еднаш да изразам длабоко сочувство до неговото семејство. Нивната тага, која е најголема, ја споделуваме сите, рече Црвенковски. ли/хс/15:20  

 



###