Сочувство од министерот за култура Арификмет Џемаили

Скопје, 16 октомври (МИА) - Денешната вест за големиот пејач Тоше Проески не потресе сите. Отиде една ѕвезда за да свети вечно, се вели во пораката на министерот за култура Арификмет Џемаили.  

- Со длабока жалост сочувствуваме со семејството Проески и со сите обожаватели на Тоше, кој како дете даде знаци дека беше благословен со божествен глас. Нека биде вечен споменот за него, пишува во пораката на Џемаили.  хс/вј/15:17

 



###