Телеграма со сочувство по повод смртта на Тоше Проески од Аднан Ќахил
Скопје, 16 октомври (МИА) - Претседателот на Партијата за движење на Турците во Македонија Аднан Ќахил по повод трагичната смрт на Тоше Проески упати телеграма со сочувство до неговите родители.
- Веста за трагичната смрт на врховниот уметник, извонреден интерпретатор, млад и хуман човек, пријател на сите граѓани, Тоше Проески длабоко ги потресе граѓаните на нашата земја.
Дозволете ми, во име на членовите и симпатизерите на Партијата за движење на Турците во Македонија и во свое лично име да ви изразам длабоко сочувство за прераната и трагична смрт на вашиот син Тоше Просеки.
Во овие тешки моменти за вашето семејство и за целата Македонска јавност, сакам да истакнам дека Тоше Проески ќе остане во сеќавањата на сите наши граѓани како врвен уметник и прекрасен човек, симбол на сите граѓани во нашата земја. гв/вј/15:12