Телеграма со сочувство на Министерството за култура до семејството на Проески

Скопје, 16 октомври (МИА) - Министерството за култура испрати телеграма со сочувство до семејството на Тоше Проески:

- Република Македонија денеска е свиена од болка за загубата на своето национално и културно богатство, на својот Тоше, несебичен хуманист кој својот краток и благороден живот го посвети на афирмирање на македонската песна и култура. Загубивме личност која сите ја саквме и сме горди што ја имавме. Ја загубивме нашата најголема музичка ѕвезда, соопшти Кабинетот на министерот за култура.

Министерството додава дека посмртните останки на Тоше од Хрватска ќе бидат преземени денеска со највисоки државни почести. хс/дма/15:50

###