Стилистот Миличевиќ му изрази сочувство на семејството на Тоше Проески и неговите пријатели
Скопје, 16 октомври (МИА) - Стилистот Дејан Миличевиќ денеска од плоштадот „Македонија“ во Скопје му изрази големо сочувство на семејството на Тоше Проески и неговите пријатели.
- Ова не е загуба само за Македонија, туку и за Балканот и целиот свет. Никогаш нема да го заборавам. Од сега па натаму ќе живеме во нов свет со Тоше Проески како светец, изјави Миличевиќ, кој соработуваше со нашата најголема музичка ѕвезда.
Плоштадот „Македонија“ е полн со расплакани граѓани кои по веста за трагичната смрт на Тоше Проески спонтано се собираат во центарот на Скопје. Најбројни се младите, неговите обожаватели, кои палат свеќи во спомен на поп-ѕвездата.
Тоше Проески утрово загина во сообраќајна несреќа во Хрватска. рп/вј/15:35