Никша Братош: Беше привилегија да се соработува со Тоше
Скопје, 16 октомври (МИА) - Тоше Проески синоќа тргна од Скопје кон Загреб на снимање спот и песна. Во студиото на познатиот хрватски кантавтор Никша Братош, Тоше денеска требаше да сними англиска верзија на еден од неговите хитови, а од Скопје тргна по снимање на интервју за емисијата „Вртелешка“ која се емитува на телевизијата Канал 5.
- Пред се оваа трагедија за мене е тотален шок. Се слушнав со него пред неколку дена и денеска требаше да дојде кај мене. Некогаш човек се прашува зошто такви луѓе си заминуваат во момент кога се уште можат толку многу да дадат. Беше привилегија да се соработува со него. Беше толку прекрасна, скромна и позитивна личност. Премалку е да се каже дека си замина прерано, изјави Никша Братош за „Вечерњи лист“. јт/ссм/15:16
###