Селмани: Изгубивме голем човек, пред се хуманист, уметник
Скопје, 16 октомври (МИА) - Изгубивме голем човек, пред се, хуманист, уметник. Како претскажување да беше големиот хуманитарен концерт кој го одржа и кој навистина ќе остане во трајните сеќавања на сите нас. Дефинитовно ќе биде запаметен по неговите големи дела и по големата душа, изјави министерот за здравство Имер Селмани.
- Светот ќе се збогати со уште еден таков човек каков што славиме за Елвис Присли, за Џемс Дин, така што Тоше е сигурно еден од тие луѓе, додаде Селмани.
На новинарите им одговори дека ќе се разгледа предлогот Детската клиника да биде именувана по Тоше Проески. - Сигурно голем број луѓе би сакале тоа да се случи, рече Селмани. хс/вј/15:34