Си замина ѕвездено момче

Скопје, 16 октомври (МИА) - Веста за смртта на Тоше Проески ја пренесоа речиси сите светски медиуми и новински агенции, меѓу кои Франс Прес, Ројтерс, Асошејтед Прес, Би-Би-Си, Си-Ен, Ен, Earthtimes, Дејли телеграф и многу други. Сите го нарекуваат „најголема поп ѕвезда на Балканот“.

Дека Тоше беше вистинска ѕвезда на балканскиот простор сведочат и бројните изрази на сочувство на неговите обожаватели на форумите. Не се ретки ниту оние кои иако не ги слушале постојано неговите песни, ги фалат неговите квалитети како пејач и како медумски експомирана личност која насловните страници не ги добиваше поради скандалите туку поради вредната работа. Следуваат дел од коментарите со кои луѓето се простуваат од Тоше.

Pincom.Info: Го слушам неговиот најдобар албум Rainbow и плачам. Нека ти е лесна земјата, веројатно тоа е судбина, најдобрите да си заминат први.

Blic.co.yu: Боже чувај ја од зло Таа има очи кои ми ги знаат тајните, сите победи и сите порази. Таа има раце кои кријат цели светови и би умрел јас за тие прегратки. Боже не ми треба ништо друго, дур сум жив под ова небо, топла постела и очи што ги знам. Боже ангели од небо прати, таа нема да се врати, чувај ја од зло, таа нема никој свој. Ах, Тоше, ти благодарам на преубавите песни. Почивај во мир, остануваш во нашите срца. Засекогаш

КАКОВ ШОК !!! Боже, колку ми е жал! Го обожував ! Каква штета за младоста, гласот, добриот човек.... Веќе немам зборови ! Тоше - НЕ Е МЕСЕЧИНА ТОА ШТО СЈАЕ ВО НОЌТА, ТОА СЕ ТВОИТЕ ОЧИ ПОЛНИ СО ЉУБОВ!

Ја слушам песната „Место на злосторот“ и плачам... Што да се каже...„Соба за тага“ сега е се.

Се скаменив кога ја прочитав веста, се уште гледам во насловот и не можам да поверувам ! Немам зборови да опишам колку ми е жал, беше фантастичен пејач и прекасно момче........Дали е можно дека веќе никогаш нема да го слушнеме  ??? Не сакам ни да помислам како им е сега на неговите родители, пријатели... кога мене ми е волку тешко ! Моето сочувство !

Б92.нет: Голема загуба. Таков талент, топлина и голем човек...тешко дека повторно ќе се најде. Сигурна сум дека многу луѓе ужасно ги погоди оваа вест. Си замина ѕвездено момче. Нека му е вечна славата

Навистина сум во шок. Плачам од срце, како да ми беше роднина. Тоше нека те чуваат ангели, а ние ќе ја слушаме твојата музика и никогаш нема да те заборавиме. Почивај во мир, драг Тоше

Net. hr: Цел Сињ тагува по Тоше, на сите ни е многу жал, го сакавме и го ценевме.....мојот живот е вечно паѓање, кога ќе ги соберам поразите ништо не останува.... ЉУБОВ БЕЗ ГРАНИЦИ...LOVE YOU ТОШЕ

Господе ти благодарам што за себе ги избираш најдобрите, а ние кои сме непоправливи не пушташ уште некое време да живееме....На Тоше се гледаше дека е едно позитивно момче, и многу пристоен, и ако постои задгробен живот, во што цврсто се надевам, Тоше сигурно е good guy и ќе има свое место таму каде срцето не е камен како овде понекогаш. Тоше ти благодарам на убавиот глас и убавите песни... се надевам дека на родителите и на роднините ќе им биде малку полесно кога знаат дека нивната тага ја делат и останатите во Хрватска...

Нашата музика никогаш не ја сакав, но ти беше најдобар, можеше да се мериш со секого... баш со секого...

Поради ова утрово не можев да ги сопрам солзите...Тоше нека ти е вечна слава и влагодарам...

Малку луѓе сакам затоа што малкумина заслужуваат искрена љубов за живот, но за тебе не се двоумев твојата музика ме допираше во дното на срцето...

Јас се уште не верувам во ова...премногу солзи исплакав додека ги слушав твоите песни...

Едноставно не можам да верувам дека го нема..... личност која го одбележа најважниот и најтажниот дел од мојот живот..... која ме вадеше од секоја депресија со своите песни.... ја нема повеќе...Тоше твоите песни и споменот на тебе засекогаш ќе остане со нас.... Исусе Боже колку ова е престрашно шокирана сум од утрово, откако дознав не престанувам да плачам.........тешко ми е ова едноставно е престрашно....можеме да му заблагодариме на Господ што ни го испрати барем на кратко да го имаме........но веројатно Нему му беше попотребен.....ти благодарам Тоше едно големо благодарам

Никогаш не сум ја слушала неговата музика, но секогаш ми делуваше како многу позитивно и симпатично момче и секогаш со задоволство читав написи за него во весниците. Утрово не можев да ги задржам солзите иако бев на работа. И сега плачам. Искрено сочувство до семејството, пријателите, сите кои ги сакаше и кои го сакаа. Сигурно нема да биде заборавен.

Dnevnik.hr: Светот го загуби најубавиот дел од себе.... ТЕБЕ!!!! Тешко е да се поверува дека веќе никогаш нема да те слушнам ниту да те видам... ниту да одам на твоите концерти... изгубив пример и идол..... зошто Господ го зема за себе само она најдоброто на планетата??? Зошто Господе ??? Сочувство за твоето семејство... а на нас обожавателите останува вечно да те паметиме.... како голем човек, добра душа и големо срце.... нека те чуваат ангелите како што ти нас со твоите песни..... никогаш нема да те заборавам...

Лице на дете, глас на ангел, насмевка која топи и најтврдо срце. Гледам и не можам да поверувам дека веќте те нема. Сега си со ангелите а небото го доби најдобриот. Пеј затоа што само небото ти беше граница. Збогум пројателу. Почивај во мир.

Денеска плаче цела Македонија... Каква е таа судбина за човекот кој најмногу веруваше во Бог, што имаше најголемо срце.. уште не можам да си објаснам како можело да се случи ова и зошто? имаше само 26 години и требаше да има живот пред него.. Тоше ќе те сакаме засекогаш и нема да те заборавиме, почивај во мир

КАТАСТРОФА, ОВА Е ГОЛЕМА И НЕНАДОМЕСТИВА ЗАГУБА НА ЕДЕН ПРЕД СЕ МЛАД И ИСКЛУЧИТЕЛЕН ЧОВЕК. ЖАЛАМ ОД ДНОТО НА ДУШАТА И СРЦЕТО И НИКОГАШ НЕМА ДА ПРЕЖАЛАМ. јт/ссм/15:02

###