Сочувство од претставникот на UNICEF во Скопје по повод трагичната смрт на Тоше Проески
Скопје, 16 октомври (МИА) - Претставникот на UNICEF во Скопје Гао Хонгвеи по повод трагичната смрт на Тоше Проески преку соопштение до медиумите искажува сочувство до неговото семејство.
- Ме шокира веста за трагичната смрт на Тоше Проески. Упатувам длабоко сочувство до неговото семејство и до неговите сакани.
Тое не беше само извонредно талентиран и сакан пејач, тој беше и посветен Национален амбасадор за децата на УНИЦЕФ. Со години неуморно се залагаше за децата особено во подигањето на свеста за правата на децата со пречки во развојот и промоворињето здрави животни навики меѓу младите.
Тоше Проески не напушти. Но неговиот дух кој се залагаше за правата на децата ќе живее засекогаш во срцата на сите, особено на децата..., се вели во соопштението од претставникот на UNICEF во Скопје Гао Хонгвеи гв/вј/15:07