Виена, 24 декември (МИА) - Советникот на Владата на Чешка за ЈИЕ Ерхард Бусек очекува земјите од Западен Балкан да бидат примени во Унијата „како блок“ што би била последица од влошувњето на односите меѓу Словенија и Хрватска.
Чешката Влада проширувањето на ЕУ на југоисток го прогласи за еден од своиоте приоритети за време на претседателствувањето со Унијата во првата половина од 2009 година, објасни Бусек во интервју за виенски Стандард.
Според него, Западен Балкан ќе биде тежиште на следниот неформален состанок на шефовите на дипломатиите.
Бусек истакна дека официјална Прага мора да дејствува и „приказната кон крајот на 2009 година, да биде завршена за да може членството на Хрватска да биде ставено за одлучување“.
Тој додаде дека блокадата на Словенија го загрозува тој план.
- Словенците ги блокираат Хрватите, Хрватите ги блокираат Србите и така натаму, тука постои многу долга листа, објасни Бусек наведувајќи дека поради тоа, приемот на земјите од Западен Балкан треба да биде „како блок“.
- Тоа би било деблокирање бидејќи ако земјите меѓусебно се блокираат, тогаш се блокираат самите себеси, изјави поранешниот австриски вицеканцелар. Тој додаде дека Прага сака останатите земји од ЕУ да ги исполнат своите ветувања во врска со визните олеснувања за земјите од Западен Балкан. зш/11:44
###