МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed
МАКЕДОНИЈА - КУЛТУРА

Промовиран „Калемар“, прв студиски албум на „Баклава“

Скопје, 9 октомври (МИА) - Етно-групата „Баклава“ денеска во Скопје го промовираше новиот албум насловен „Калемар“.

Елена Христова вокалистот на групата истакна дека ова е втор по ред албум. ЦД-израднието содржи 14 композиции од кои повеќето се авторски, со музика и текстови од членови на групата, а само три се традицонални песни.

- Задоволни сме од првиот албум  со оглед дека тој беше концертен. Ова е прв наш студиски албум. Го нарековме „Калемар“ заради калемењето на новата музика со старата традицонална македонска песна, рече Христова.

По повод излегувањето на албумот, таа најави и промотивен концерт на групата во текот на ноември во Скопје, по што ќе следат концерти во градовите низ Македонија. 

Материјалите се снимени во студиото „Кларион“, а издавач е „Скопје џез-фестивал“. Покрај вокалистката Христова, членови на оваа култна македонска група се и Дејан Сибиновски кој свири на деф и Никола Николов  и Владимир Мартиновски, кои музицираат на тамбура. ва/вј/15:10


ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You