МИА - Македонска Информативна Агенција

петок, 03 септември 2010,
Најнови вести:
RSS feed

Се реновира интернатот „Гоце Делчев“ во Љубанци

Скопје, 20 март (МИА) - Британската детска академија заедно со Британската Бизнис Група во Македонија започнаа со целосно реновирање на интернатот „Гоце Делчев“ за деца без родители и деца чии родители се социјални случаи или во лошо здравје, лоциран во село Љубанци.

Како што соопшти денеска Британската бизнис група, првата фаза од овој проект е успешно завршена. Со донации од индивидуалци и компании собраниот фонд ги покри трошоците за нов под, нови кревети, душеци, ќебиња и постелнина.

- Добивме голема поддршка не само од локалните компании, туку и од странските институции. Животните услови на овие деца го трогнаа македонското општество и ние сме задоволни што сме сведоци дека нашата цел станува реалност, рече проект менаџерот Ангелина Пауер.

Овој проект се состои од три фази наменети за целосно обновување на интернатот. Во првата фаза беа опфатени подот и креветите, во втората фаза ќе се постават нови врати и прозорци, а третата фаза ќе се комплетира со реновирање на тоалетите.

Втората фаза ќе започне на 4-ти aприл со настан организиран за децата од домот, каде ќе бидат изведени активности како читање на приказни, цртање на детските лица, шоу со магија и кловнови. Третата фаза ќе почне во првата недела во jуни во рамките на „Неделата на хуманоста“. Целосното реновирање на интернатот се очекува да заврши крајот на јуни или почетокот на јули. сст/са/11:42

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 43,51 43,95
JPY 56,90 57,48
CHF 47,36 47,84
GBP 73,67 74,41
USD 47,86 48,34
EUR 61,35 61,96
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You