МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed
МАКЕДОНИЈА - КУЛТУРА

Електронско списание со вести за македонската археологија

Скопје, 30 јули (МИА) - Управата за заштита на културното наследство во соработка со Институтот за општествени и хуманистички истражувања Евро-Балкан ќе го издава електронското списание „Македонски археолошки вести“ на веб-страниците www.mav.mk и на www.man.mk.

Првиот број на списанието, кое ќе биде достапно од 2 август, содржи  текстови и ексклузивни фотографии за најновто археолошко откритие од  Горна Порта во Охрид, како и наоди од Исар Марвинци, Стоби и од археолошките локалитети Билазора, Хераклеја Линкестис и Скопската тврдина.

Списанието ќе има функција да ја запознае македонската и светската јавност со резултатите од археолошките истражувања кои се преземаат на територијата на Република Македонија.

- Македонскиот археолошки весник еднаш месечно ќе ги презентира, афирмира и промовира карактеристиките на позначајните наоди откриени на различни археолошки локалитети, кои хронолошки припаѓаат на историските епохи од праисторијата до доцносредновековниот период. Дел од мисијата на списанието ќе биде да ја приближи македонската археолошка наука до меѓународната стручна и поширока јавност, соопшти Управата за заштита на културното наследство. хс/са/14:39


###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You