Холивуд, 8 февруари (МИА) - Холивудскиот убавец Брет Пит се уште е вљубен во својата поранешна сопруга Џенифер Анистон, но не планира да ја остави Анџелина Џоли поради децата, пишува списението „ОК!“
Глумецот, кој со Џоли има шест деца наводно на свој блиски пријател му се доверил дека би сакал да се смири со Анистон бидејќи се уште има чувства кон неа.
По неодамнешното појавува на Пит и Џоли на доделувањето на наградата за најдобри режисери, извор близок на глумецот за списението „ОК! рече: Бред беше многу смирен и имаше прекрасен и интересен говоро. Ги воодушеви сите присутно со имитацијата на Квентин Тарантино. Тој и Енџи изгледаа многу среќно.
Јан Халперин автор на книгата „Бранџелина: Нераскажана приказна“ за ова списание изјави дека предвидува дека врската на славниот пар ќе „пукне“ кога тоа никој нема да го очекува. ссм/10:36
###