МИА - Македонска Информативна Агенција

четврток, 09 септември 2010,
Најнови вести:
RSS feed

Скапо неверство

Куала Лумпур, 8 февруари (МИА) - Судот во Малезија осудил маж и жена осомничени за неверство на парична казна, но и на казна во натура, која се состоела од пет домашни животни.

Судот на градот Пенампанг ги осудил прељубниците на глоба од по 210 евра, но одредил и надокнада на оштетената страна која се состоела од четири биволи и една свиња. Вредноста на тие животни е проценета на околу 1.260 евра.

Пред една година, сопругата на неверниот маж поднела тужба откако ги затекнала прељубниците во „лесна облека“ во семејната куќа.

Двајцата љубовници на судот се бранеле објаснувајќи дека се само добри пријатели, но нивниот аргумент е отфрлен. ми/16:24

 

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 43,88 44,32
JPY 57,42 57,99
CHF 47,55 48,03
GBP 73,78 74,52
USD 48,14 48,63
EUR 61,35 61,97
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You