Скопје, 9 февруари (МИА) - Претседателот на Република Македонија и врховен командант на оружените сили, Ѓорге Иванов денеска ќе биде брифиран за борбената готовност на АРМ за 2009 година.
Како што е најавено, претседателот Иванов ќе биде информиран за реализацијата на плановите и задачите во 2009 година, согласно функционалните области на АРМ, а кои се однесуваат на персоналниот менаџмент, заштитата на силите, операциите, обуката и вежбите, логистичкото обезбедување, врските и комуникациите и буџетирањето.
На брифингот, што ќе се одржи во Министерството за одбрана, ќе присуствуваат министерот за добрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал-мајор Зоран Димов и дел од клучниот персонал на ГШ на АРМ.
Брифингот за борбената готовност е редовна обврска на ГШ на АРМ, кога на претседателот на Република Македонија му се реферира за борбената готовност на Армијата во изминатата година. цр/дма/8:51
###