МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed

Во Албанскиот театар Скопје - претстава за отуѓеноста на младите

Скопје, 9 март (МИА) - Во Албанскиот театар - Скопје од денеска на репертоарот е претставата „www.норвешка.денес.com.mk“ по текст на Игор Бауершима и во режија на Зоја Бузалкова. Текстот на Бауершима „Норвешка денес“ е преведен на дваесетина јазици и е поставен на стотина театарски сцени во светот.

Со режисерскиот концепт на Бузалкова кон ова дело и со играта на актерите Амернис Нокшиќи-Јовановска и Фисник Зеќири е создадена современа претстава, каква што е и темата што таа ја раскажува - отуѓеноста на младите луѓе и нивната затвореност во виртуелниот свет на интернетот.

- Поврзани преку интернет четовите, без идеја за тоа што сакаат да направат со своите животи, отуѓувањето од реалниот свет и избледеноста на боите на животот тангираат цели генерации на млади луѓе затворени во херметичките ѕидови. Претставата зборува за битките на животот, за љубовта, за мигот, за непроживеаното и за вреденостите на утрешното, информира Албански театар - Скопје.

Претставата се изведува на албански јазик, но е обезбеден и превод на македонски. Можат да ја следат само 70 посетители зашто публиката е сместена на самата сцена. Цената на влезниците е 150 денари. хс/са/7:42




###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You