МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed

Каргов: Намалените акциза и царина ќе го зголеми увозот и на стари и на нови возила

Скопје, 9 март (МИА) - Намалувањето на акцизата и царината ќе придонесе за зголемување на увозот и на нови и на стари возила во Македонија, смета директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.

- Според нашите сознанија во овој момент низ различни царински складови во Македонија за царинење чекаат околу 1.100 половни возила. Лани за цела година се оцаринети околу 2.900 користени возила, а во 2008 околу 2.000. Најголем број половни возила околу 4.000 се оцаринети во 2007 година, изјави Каргов одговарајќи на новинарско прашање по церемноијата за отворање на новиот МАТРА проект за техничка соработка меѓу холандската и македонската царина.

Тој посочи дека лани бил оцаринети околу 12.000 нови возила, а просечно, како што рече во Македонија годишно се царинат околу 16.000 нови возила.

- Со намалувањето на акцизата и на царината од 2 на 1 отсто ќе се зголеми увозот и на стари и на нови возила во Македонија, бидејќи ќе се намалат трошоците и за нови и за користени возила, рече Каргов.

Директорот на Царинската управа на Република Македонија посочи дека во изминатите два месеца по преземањето на обврската од УЈП наплатата на акцизата се движи во рамките на минатогодишната за истиот период. 

- За овие два месеца откако почнавме да ги администрираме акцизите наплатата е скоро на еднакво ниво како лани, иако има одредени движења кај цигарите и нафтените деривати бидејќи е намален прометот на дериватите, рече Каргов, нагласувајќи дека наплатата на акцизите зависи од многу фактори.вј/са/12:43 

 
###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You