МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed

Ватле: Белгија не дава азил на економска основа

Куманово, 9 март (МИА) - Жителите од Липково не можат да добијат азил на економска основа, ниту пак вработување и сместување во Белгија, беше порката што на градоначалникот на Липково Садула Дураку, денеска му ја пренесе државниот секретар за азил и имиграција Мелкиор Ватле.

Тој дојде во Липково за да се увери каква е економската состојба во овој регион во државата и апелираше до надлежните институции преку разни проекти да вложат во економскиот развој на овие села.

Ватле изрази жалење што луѓето биле жртви на манипулација и што биле изложени на дополнителни трошоци  за патување, а сепак ќе мора да се вратат во матичната држава, затоа што во Белгија не може да ги остварат социјалните права.

- Морам да бидам јасен. Не постојат можности за добивање азил на база на економски причини, нема опција за такво нешто. Ние дојдовме овде да видиме каква е економската ситуација и ќе кажам дека не е едноставна. Имаме проекти, имаме визија и можности и тоа мора да му биде јасно на наслението овде. И доколку сакаат да дојдат во Белгија, да заработаат или да купат куќи би станале жртви, затоа што ќе мора да бидат вратени назад. Ќе инвестираат пари без да имаат никави придобивки. Затоа треба да бидат фокусирани на инвестирање тука, бидејќи тоа е најдобриот пат до економски развој, рече Ватле.

Процесот на визната либерализација, како што рече тој, не е доведен во прашање како резултат на добрата соработка помеѓу македонската и белгиската влада и навремената реакција околу проблемот со азилантите.

На средбата во Липково присуствуваа и вицепремиерот за имплементација на Охридскиот рамковен договор Абдулаќим Адеми и министерот за труд и социјална политика Џељал Бајрами. ам/14:09


###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You