МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed
МАКЕДОНИЈА - КУЛТУРА

Во Велес промовирана книгата „Жените кои што го променија светот“

Велес, 9 март (МИА) -  Во организација на Народната Библиотека „Гоце Делчев“ денеска во Ликовниот салон во Велес беше промовирана книгата  „Жените кои што го променија светот‘“ од американските автори Роус Хортон и Сали Симонс.

Книгата е во издание на „Макавеј“ и на македонскиот книжевен пазар може да се најде од 2008 година.

Темата на книгата  е промоцијата на 50-тина успешни светски жени кои извршиле промена на светската историја. Во книгата преовладуваат звучни имиња на жени владетелки, воини, спортистки, иноваторки, писателки, хероини, револуционерки и уметници.

Промоторот  Елена Тевчева, директор на Народната библиотека,  истакна дека книгата  говори за тоа дали мажите знаат и се свесни  дека во денешно време не се може без влијанието на жената, која  е значаен сегмент и значајна клетка во едно денешно модерно време. На промоцијата беа прочитани и најинтересни делови и мудри мисли. Промоцијата на книгата освен со читање беше проследена и со слајд шоу. ад/рп/19:14


ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You