МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed

Романо Проди: Најлошата фаза од финансиската криза во Грција помина

Шангај/Брисел, 10 март (МИА) - Европската унија успеа да ја надмине сегашната финансиска криза предизвикана од сериозните буџетски проблеми на Грција, изјави денеска поранешниот претседател на Европската комисија, Романо Проди.

- Најлошата фаза од финансиската криза во Грција помина и повеќе нема опасност таа да зафати и други земји во ЕУ, изјави Проди во Шангај, каде е ангажиран како професор во Европската виша школа за меѓународен бинис.

Според Проди, во рамките на ЕУ не постои друга држава, во која состојбите би можеле да се развијат по примерот на грчкото сценарио.

- Повеќе нема основа за стравување дека на евро зоната и се заканува крах или дека еврото може сериозно да биде загрозено од кризата, потенцира Проди.

Претседателот на ЕК Жозе Мануел Барозо соопшти дека Европската комисија подготвува механизам кој доколку затреба би требало да и помогне на многу задолжената Грција,  истакнувајќи дека не се работи за Монетарниот фонд на еврозоната за чие создавање последните денови се залагаат некои европски политичари.

- Европската комисија соработува со земјите членки на еврозоната на создавање механизам кој Грција би можела да го искористи во случај на потреба. Таков механизам во целост би бил во согласност со Лисабонскиот договор, вклучувајќи го и неговиот дел кој забранува финансиска помош. Тој меѓутоа опфаќа многу строга условеност, изјави Барозо без да открие повеќе детали.

Тој смета дека новиот предлог не би требало да доведе до нарушување на европските договори кои забрануваат финансиска помош за земјите членки на еврозоната. Претседателот на ЕК смета дека сегашните проблеми на Грција ги предизвикале пред се големите долгови, а не финансиските шпекуланти кои во однос на грчката криза се соочуваат со обвинувања од страна на европските политичари.

- Шпекулациите на финансиските пазари, над се, целиот проблем само го влошуваат, оцени Барозо.

Тој за време на дискусија со евроспки пратеници не ја исклучи можноста ЕК со тек на време навистина да подготви предлог за создавање Монетарен фонд на еврозоната кој би можел да обезбедува финансиска помош за државите кои се нашле пред банкрот.

- Европскиот монетарен фонд сепак е долгорочна работа и не би ја спасил Грција, додаде Барозо укажувајќи дека во случај на создавање на тој фонд прво би требало да се променат европските договори. Тоа значи, според него, дека создавањето на фондот би морале да го ратификуваат сите земји членки на Европската унија „што може да биде многу бавна работа“. Многу побрзо би можела да почне да важи забраната за шпекулации со државните долгови за што размислува и ЕК. Засега  не е јасно како би функционирала таквата забрана.

Претседателот на ЕК најави дека Брисел би можел да ги искористи своите права во областа на стопанската конкуренција. Европската комисија при тоа целиот проблем би сакала да го пренесе на полето на Групата 20 најголеми стопанства во светот - Г20.

- Ќе вршиме притисок врз меѓународната соработка. Финансиските пазари се променливи исто како што се непрегледни. ЕК тоа прашање ќе го постави на меѓународен план, пред се на полето на Г-20, нагласи Барозо. сп/јт/13:17

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You