МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed
МАКЕДОНИЈА - НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Тврдењата на „То Вима“ медиумски трик или интрига, оценуваат македонските власти

 Скопје, 10 март (МИА) - Станува збор за медиумски трик или интрига, е првичната реакција на властите во Република Македонија за денешните текст во „То Вима“ во кој се вели дека наводно американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон на средбите во Вашингтон со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, побарале Атина да го преиспита својот став во однос на спорот за името со Скопје и да го разгледа предлогот „Република Северна Македонија“ како решение за проблемот.

Извори од владејачката ВМРО-ДПМНЕ за МИА велат дека тврдењата на грчкиот весник се медиумски трик или интрига, имајќи предвид дека информацијата е сосема различна од она што го објавија другите медиуми во врска со разговорите на Папандреу со Обама и Клинтон.

„То Вима“, повикувајќи се на американски дипломатски извори, објави дека Обама и Клинтон му кажале на Папандреу дека ако Грција одговори позитивно на нивното барање, Вашингтон е подготвен да го информира Советот за безбедност на ОН дека називот „ПЈРМ“ во иднина може да се замени со „Република Северна Македонија“, а јазикот што се зборува во земјата како „северномакедонски“.

Вашингтон, како што нагласуваат американските дипломати за весникот, е силно заинтересиран да се комплетира проширувањето на НАТО во Југоисточна Европа, што не е можно без решавање на проблемот за името на Македонија.

Амбасадата на САД не ги коментира шпекулациите на „То Вима“

САД продолжуваат да го поддржуваат процесот кој се води под покровителство на ОН за изнаоѓање решение за спорот за името меѓу Грција и Македонија.

Ова го истакнуваат во Американската амбасада во Скопје на барањето на МИА за коментар на текстот во „То Вима“.

- Во моментов немамаме информации што точно се зборувало на состаноците во Вашингтон ниту можеме да ги коментираме шпекулациите на грчките медиуми кои се повикуваат на анонимни извори, наведуваат од Амбасадата на САД.ва/са/
 

###

 

 

 


 

 

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You