Шангај, 12 март (МИА) - Најмалку 13 лица загинаа, а шестмина се повредени при пад на патнички автобус од мост во Кина, пренесе ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на агенцијата Ксинхуа.
Од непознати причини автобусот, што превезувал 19 патници од аедродромот во градот Гуејан, административен центар на провинцијата Гуеичоу, во југозападна Кина, ја минал заштитната ограда и паднал од мостот, висок 37 метри.
Пет лица загинале на самото место на несреќата, а други осум, вклучувајќи го и возачот, починале во болница од здобиените повреди.
Полицијата почна истрага за ситуацијата во која се случи несреќата. сд/7:31
###