Скопје, 12 март (МИА) - Министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска во Скопје ќе се сретне со заменик претседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, Јанкулоска и Дачиќ ќе оджaт тет-а-тет средба, по што состанокот ќе продолжи со учество на одговорните за гранични работи во двете полиции.
Централна тема на која ќе се разговара е зголемувањето на барањата за азил од македонските и српските државјани по донесувањето на одлуката за визна либерализација, како и мерките кои властите во двете земји ги преземаат за спречување на оваа појава. ва/са/8:08
###