МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed

Словенечката Влада усвои декларација за Западен Балкан

Љубљана, 12 март (МИА) - Словенечката Влада усвои синоќа Декларација за државите од Западен Балкан и водич за активностите на Љубљана, насочени кон јакенење на односите и унапредување на соработката со земјите од регионот.

Шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар изјави дека декларацијата го нагласува Западен Балкан како приоритет на политиката на Љубљана.

Во декларацијата е претставен ставот на Словенија за земјите од Западен Балкан и нивниот пристап во Европската унија и НАТО, рече Жбогар и додаде дека документот треба да биде потврден во Долниот дом на словенечкиот Парламент.

Со документот се предвидува основање на специјален комитет за земјите од Западен Балкан, кои ќе состават акциски план на активност на Словенија во земјите од региоот, а ќе биде поставен и национален координатор кој ќе ги надгледува активностите на Словенија во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово. 

Соработката со земјите од регионот во областа на економијата, хуманитарната помош, здравството, животната средина, земјоделството, образованието и културата, исто така се цели на новите насоки на словенечката политика.

Жбогар истакна дека информациите за активностите на Словенија ќе бидат достапни на специјалната Интернет страница „Го поврзуваме Балканот“. 

Словенија на 20 март ќе биде домаќин на конференцијата за Западен Балкан на Брдо кај Крањ, кога првпат по 18 години треба да се сретнат лидерите од сите поранешни југословенски републики, и Албанија.

Словенечкиот премиер Борут Пахор оцени дека учеството на лидерите на Србија и на Косово на средбата на Брдо крај Крањ „во извесна смисла е невозможна мисија“.

- Многумина веруваат дека ако некој може да направи нешто, тоа сме ние. Успехот не ни е гарантиран, но работиме на тоа, додаде тој. 

И министерот за надворешни работи на Словенија вчера во интервју за Вечерње новости изјави дека се уште интензивно се трага по решение за присуство на највисоки претставници на Србија и на официјални лица од Приштина за претстојната регионална конференција за Западен Балкан во Брдо крај Крањ.

- Се надеваме дека ќе биде изнајдено решение  кое ќе ги задоволи двете страни. Нам ни е многу важно таа конференција да даде резултати, изјави тој во интервју за Вечерње новости.

Жбогар вели дека Словенија смета оти поднесувањето барање на Србија за прием во Европската унија е знак дека официјален Белград е подготвен и дополнително да ги засили реформските напори. зш/нд/11:27

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You