МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed

Јанкулоска-Дачиќ: Мора да направиме се за Европа да не се уплаши од Западен Балкан

Скопје, 12 март (МИА) - Ситуацијата поврзана со барањата за  азил по визната либерализација за Македонија, Србија и Црна Гора, подобра контрола, начини и мерки за превенција, како и спречување на оваа појава, со цел да не се загрози европската иднина на овој регион, беа темите на кои разговараа на денешната тет-а-тет средба министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и заменик претседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој се наоѓа во еднодневна работна посета на Македонија.

Јанкулоска и Дачиќ по размената на информациите со кои располагаат за актуелниот проблем, информираа дека се работи за неколку туристички агенции од јужна Србија и од Македонија. Министерката Јанкулоска посочила дека веќе во осум случаи се изречени одредени мерки, најчесто парични казни, но и забрани за работа на туристичките агенции кај кои се утврдени одредени аномалии.

- Утврдено е дека две агенции имале договори со други агенции од Србија и утврдивме дека сите агенции се занимавале со превоз на патници. Останува врз основа на оперативните сознанија кои ги имаат македонската и српската полиција да направиме подлабока  проверка за да се утврди дали освен она што е нивна легална дејност, се нуделе и дополнителни услуги што ги довеле граѓаните во заблуда и ги довеле во позиција на жртви, нагласи македонската министерка за внатрешни работи на прес - конференцијата по средбата. Јанкулоска потенцира дека според досега направените анализи неможат да се потврдат информациите за вмешаност на туристичка агенција на Амди Бајрам во овој случај.

Како резултат на преземените мерки од страна на македонската и српската полиција деновиве е намален бројот на баратели на азил, потенцираа Јанкулоска и Дачиќ. Тие упатија порака дека нема да се толерира никакво противзаконско однесување, најавувајќи при тоа и несмалено темпо во насока на информирање на граѓаните за визната либерализација, но и за проблемите кои можат да настанат ако се неуспешни баратели на азил со оглед на миграционата политика на ЕУ.

- Мора да направиме се за Европа да не се уплаши од Западен Балкан. Заеднички ќе истражуваме дали во тој процес има форма на организиран криминал и намера од одредени луѓе или од туристички агенции, изјави Дачиќ

Од Република Македонија 409 граѓани побарале азил во Белгија, додека околу 400 српски државјани побарале азил во Белгија и повеќе од 500 во Шведска, најголем дел од албанска и ромска националност.

Македонскиот и српскиот министер за внатрешни работи Јанкулоска и Дачиќ ја нагласија континуираната и добра соработка на двете полиции, важна меѓу другото и за борбата против организираниот криминал и корупција и најавија потпишување на неколку акти за нејзино продлабочување. цр/дма/15:15


 

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You