МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed
МАКЕДОНИЈА - НАДВОРЕШНА ПОЛИТИКА

Резолуција на Постојаниот комитет на Советот на Европа: Грција да го признае македонското малцинство
Скопје, 12 март (МИА) - Постојаниот комитет на Советот на Европа, кој денеска заседаваше во Париз, усвои Резолуција за заштита на малцинските права во Европа во која од Грција се бара да ја ратификува Повелбата за заштита на националните малцинства, да го признае македонското малцинство, да работи на враќање на политички прогонетите и на нивните имоти, да им даде права и на тие што не се Грци по род.  Во целиот извештај се користи терминот „macedonian“ без додавки.
 
Исто така во Резолуцијата од властите во Атина повторно се бара да постапи според одлуките на Судот за човекови права во Стразбур кои се однесуваат на македонското и на турското малцинство во Грција.
 
Пратеникот Александар Николовски, кој е во Париз, ја поздрави одлуката на Советот на Европа.  - Добро е Грција да ја примени и да ја ратификува Повелбата за човекови права, вели Николовски за МИА. ев/ва/15:16   

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You