МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed
МАКЕДОНИЈА - ВНАТРЕШНА ПОЛИТИКА

Собранието расправаше за работата на АД ЕЛЕМ

Скопје, 12 март (МИА) – Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 95. седница расправаше по Информацијата за состојбата на државните електрани АД ЕЛЕМ поднесена од пратеници на СДСМ.

Тие во расправата го обинија раководството на АД ЕЛЕМ, пред се директорот Влатко Чинговски, кој, според нив, со поддршка на претставници од високите ешалони на власта намерно го намалувал капацитетот за производство на струја, со цел да се увезува со непосредна спогодба, очи во очи, струја која е далеку поскапа од онаа што се произведува дома.

Пратеничката Весна Бендевска обвини дека од 2007 година досега биле потрошени 670 милиони евра за увоз на струја.

- Не сакате да произведувате затоа си донесовте соодветен закон за енергетика за да може да си тргувате со струја. Сега Чинговски произведува колку сака, за да може да се увезе скапа струја од странство, рече Бендевска.

Вицепремиерот ззадолжен за економски прашања Владимир Пешевски, пак, спротивстави други аргументи и истакна дека увозот на струја е намален, и оти дури е остварен и профит од продажба на вишок на струја.

- Имаме намалување на предвидените количини за увоз на електрична енергија за повеќе од 50 проценти, минатата година реализирана е продажба на вишоци на струја од 277 гигаватчасови со што е остварена дополнителна добивка од 9,5 милиони евра, задоволени се целокупните потреби од електрична енергија за сите тарифни потрошувачи, надминат е планот за производство за 5 проценти, хидроелектраните го надминале планираното производство за 37 проценти, а продолжува и процесот на ревитализација и изградба на нови капацитети во висина од 40 милиони евра, рече Пешевски.

На ваквите ставови реагираше пратеникот Јани Макрадули кој забележа дека последната голема инвестиција била ХЕЦ Козјак почната и завршена за време на владеењето на СДСМ и оти производството од над 6000 гигаватчасови од тој период, во ниту една од четирите години со раководство од ВМРО-ДПМНЕ АД ЕЛЕМ не го надминал. Тој побара работата на АД ЕЛЕМ да ја испитува анкетна комисија формирана од Собранието, бидејќи како што рече, четири години таму нема контрола од Државниот завод за ревизија.

Пратеникот Никола Котески од ВМРО-ДПМНЕ, во прилог на тезата дека има намалување на увозот на струја ги презентираше информациите дека во периодот од 2003 до 2006 година имало од 1200 до 1958 гигаватчасови увезвена електрична евергија, за разлика од 2008 година кога биле увезени 958 и во 2009 година 355 гигаватчасови, со што, според него, паѓаат во вода обвинувањата на опозицијата.

На ваквите ставови реагираше пратеникот Јани Макрадули кој забележа дека последната голема инвестиција била ХЕЦ Козјак почната и завршена за време на владеењето на СДСМ и оти производството од над 6000 гигаватчасови од тој период, во ниту една од четирите години со раководство од ВМРО-ДПМНЕ АД ЕЛЕМ не го надминал. Тој побара работата на АД ЕЛЕМ да ја испитува анкетна комисија формирана од Собранието, бидејќи како што рече, четири години таму нема контрола од Државниот завод за ревизија.

Зголемените Гигаватчасови, пак, според Пешевски, се резултат на тоа што во две години за време на владеењето на СДСМ не бил направен ремонт на еден блок, а на другиот само нега наместо редовен ремот, со што, како што рече, се зголемувал бројот на денови на работа на Комбинатот, но се загрозувала работата за наредните години.

На товар на АД ЕЛЕМ од СДСМ му ги ставаат и последните поплави во струшко и охридско, кои како што истакнаа биле резултат на лошото менаџирање со водите на Охридсјкото езеро во периодот од септември до декември минатата година. 

На крајот од расправата мнозинството пратеници не ги прифати заклучоците со кои се бараше формирање анкетна комисија која за два месеци би требало да изготви извештај и му се препорачуваше на Државниот завод за ревизија да направи контрола во АД ЕЛЕМ.

Со оваа точка беше исцрпен дневниот ред на 95. седница, по што почна и новото продолжение на 93. седница од која се расправаше само по една точка, која беше и усвоена, а се однесуваше закон за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Советот на Европа по рамковен договор за финансирање на Проектот за реконструкција и доградба на јавни здравствени установи. сст/18:17

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You