Исламабад, 12 март (МИА) - Најмалку 48 лица, меѓу кои и 18 војници, загинаа, а 95 се повредени во двоен самоубиствен напад врз воен конвој во пакистанскиот град Лахор.
Двајцата напаѓачи ги активирале експлозивните направи во период од 15 секунди на пазар во еден кварт каде се наоѓале воени згради. Цета на напаѓачите бил воен гарнизон, кој вршел рутинско патролирање во реонот.
Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападите. Ова е втор напад оваа недела врз пакистанските безбедносни сили во Лахор, кој се смета за престолнина на културата во Пакистан.
Според експертот на пакистанскиот институт за истражување на мирот Абдул Басит денешниот напад е најсмртоносниот во историјата на Лахор. гс/17:39
###