МИА - Македонска Информативна Агенција

Најнови вести:
RSS feed

Чешкиот амбасадор Браун се сретна со прилепскиот градоначалник Ристески

Прилеп, 12 март (МИА) - Амбасадорот на Чешката република Јозеф Браун денеска во Прилеп се сретна со градоначалникот Марјан Ристески со кого разговараше за можностите за соработка и за инвестирање.

- Најмногу разговаравме за некои инвестирања пред се преку чешката фирма „Грин лајф“ за проекти за заштитата на животната средина. Една од главните теми беше пречистителната станица која Прилеп ќе ја гради со пари од  Европската Унија. Од претставникот на „Грин Лајф“ ни беше презентирана технологија за станицата, изјави Ристески.

Тој објасни дека понудата за соработка ќе биде разгледана од партнерите кои учествуваат во изградбата на пречистителната станица, Министерството за животна средина, ЈП„Водовод и канализација“ и Локалната самоуправа. На средбата е разгледана можноста за отворање филијала на Охридска банка.

Според чешкиот амбасадор Јозеф Браун, битно е да се најде заедничко решение за проблемите што ги има градот.

Браун рече дека е дојден во Прилеп со претставник  на бизнисот од фирмата „Грин лајф“ присутна на пошироките простори, во европските земји и во Канада  со огромно искуство во примената на технологии за заштитата на животната средина.

Претставникот на Чешката еколошка асоцијација Иван Биденко изјави дека досега соработувале со повеќе македонски градови и оти од заедничка полза ќе биде  доколку се оствари и соработка со Прилеп.

Изградбата на пречистителната станица за отпадните води, проект кој чини 20 милиони евра и со околу шест милиони евра ќе биде финансиран од ЕУ, треба да се очекува да почне идната година. Оваа година, смета градоначалникот Ристески, ќе помине во отворање тендер и избор на изведувач. рм/рп/17:38

###


 

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 42,31 42,73
JPY 54,34 54,89
CHF 45,20 45,65
GBP 73,30 74,04
USD 46,97 47,45
EUR 61,20 61,81
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You