Крива Паланка, 12 март (МИА) - Кривопаланечките советници на денешната 14. редовна седница на Советот на Општината ги разгледаа и усвоија завршните сметки за 2009 година на буџетот на Единицата на локалната самоуправа, на Јавното претријатие „Комуналец“, на воспитно-образовните установи СОУ „Ѓорче Петров“, СУ „Јоаким Крчовски“ и „Илинден“ и детската градинка „Детелинка“.
На седницата беа разгледани и усвоени повеќе одлуки, решенија, програми, извештаи и иницијативи од областа на урбанизмот, комуналиите, сообраќајот, образованието, културата и други прашања од надлежноста на локалната власт. љс/рп/17:43
###