Белград, 31 јули 2010 (МИА) - Европската унија не подготвила сопствена резолуција за Косово и не упатила никаков предлог-текст до своите земји-членки, објавува денешна белградска „политика“, негирајќи ја на тој начин вчерашната информација на српската држвана телевизија РТС дека високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изработила теков документ.
- Сигурно ќе знаевме ако постои предлог-резолуција на ЕУ и ако Кетрин Ештон испратила нешто такво до земјите-членки, но бидејќи не знаеме, заклучуваме дека нешто такво и не постои, изјавил неименува европски претставник за „Политика“.
Како што јави синоќа РТС, Ештон на земјите-членки на Унијата им доставила предлог резолуција за Косово, во која се прифаќа мислењето на Меѓународниот суд на правдата, а Белград и Приштина се повикуваат да почнат дијалог во духот на добрососедските односи.
Со почит го прифаќаме консултативното мислење на Меѓународниот суд во Хаг од 22 јули 2010 година, дадено на барање на ОН, дека прогласувањето на независноста на Косово е во согласност со меѓународното право, се наведува, според РТС, во резолуцијата.
Во текстот, што наводно го изготвила Ештон, се повикува Генералното собрание на ОН да побара од двете страни да го продолжат со развој на добрососедските односи, демократијата и регионалната и економската соработка во согласност со нивната европска перспектива.
Соговорникот на „Политика“, сепак, наведува дека содржината на вака објавената наводна предлог-резокуција „во целост е на линијата на ЕУ“. сп/9:23
###