МИА - Македонска Информативна Агенција

петок, 03 септември 2010,
Најнови вести:
RSS feed

Шведска бара од Брисел нови мерки за поддршка на Ромите

Стокхолм, 31 јули 2010 (МИА) - Шведската Влада побра од Европската комисија итно да преземе нови мерки за поддршка на припадниците на ромската заедница.

Во писмо упатено до Комисијата по повод, како што е наведено, „вознемирувачката положба“ на Ромите во ЕУ, Стокхолм бара изработка на „задолжителен акционен план“, финасиски поддржан од Европскиот социјален фонд, за да им се обезедат живеалишта, образование и работа на припадниците на ромската заедница.

Во писмото потпишано од шведските министри за европски прашања и за интеграција и рамноправност, Биргита Олсон и Ниамко Сабуни, официјален Стокхолм се заканува дека ќе ја тужи Унијата, доколку итно не преземе мерки за заштита на Ромите.

Писмото е упатно да европските комесари за првда и човекови права Вивиен Рединг и за труд Ласло Андор.

Повод за ваквото писмо е Извештајот за правта на Ромите подготвен од специјална Комисија на шведската Влада, во кој се препорачува изработка на 20-годишна стратегија за помош на ромската заедница, која во Шведска има околу 50.000 припадници.

Според претеседателот на Комсијата, Марија Лејснер, проблемот со Ромите не е само шведски, туку европски.

- Тој проблем е актуелизиран последниве денови со изјавите на политичките лидери на некои европски земји, кои повикуваа на дискриминација на Ромите, нагласи Лејснер. сп/9:38

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 43,51 43,95
JPY 56,90 57,48
CHF 47,36 47,84
GBP 73,67 74,41
USD 47,86 48,34
EUR 61,35 61,96
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You