МИА - Македонска Информативна Агенција

петок, 03 септември 2010,
Најнови вести:
RSS feed

„Голдман Сакс“ заинтересиран за словенечка НЛБ

Љубљана, 31 јули 2010 (МИА) - Американската банкарска групација „Голдман Сакс“, која многу аналтичари ја посочуваат како главен виновник за кризата со хипотекарните кредити во САД пред две години, е заинтересирана за преземење на словенечката „Нова љубљанска банка“ (НЛБ).

Според извори во словенечката Влада, покрај „Голдман Сакс“ во игра за преземање на државниот капитал во НЛБ е и белгиската банкарска и осигурителна групација КБЦ, која веќе поседува 30,6 проценти од акциите во словенеќката банка.

Државата Словенија во НЛБ има пакет акции од 48 отсто од вкупниот капитал. 

Финасиските аналитичари поголеми шанси за презмење на државниот капитал во НЛБ и даваат на „Голдман Сакс“, имајќи предвид дека акционерите во словенечката банка претходно ја одбија понудата на КБЦ за дотокуп на акции, со што белгиската компанија би станала мнозински сопственик на „Нова љубљанска банка“.

Продажбата на државниот капитал во НЛБ, сепак останува под знак прашање, бидејќи откако таа го мина „стрест тестот“, словенечкиот премиер Борут Пахор изјави дека Владата се уште размислува дали докапитализацијата на банката да го изврши со сопствени средства или со продажба на акции.

Дел од НЛБ групацијата е и македонската „Тутунска банка“. сп/9:42

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 43,51 43,95
JPY 56,90 57,48
CHF 47,36 47,84
GBP 73,67 74,41
USD 47,86 48,34
EUR 61,35 61,96
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You