МИА - Македонска Информативна Агенција

четврток, 09 септември 2010,
Најнови вести:
RSS feed

Илјадници лица блокирани во Грција поради штрајкот на камионџиите

Атина, 31 јули 2010 (МИА) - Илјадници локални жители и странски туристи и денеска останаа блокирани во Грција, поради недостигот на горива на бензинските станици, предизвикан од шестдневниот штрајк на возачите на камиони.

Штрајкот на камионџиите, што започна во понеделникот, доведе до прекин на дистрибуцијата на лекови, храна и бензини, чии резерви се речиси целосно исцрпени.

Иако, грчката Влада ги мобилизираше воените камиони и бродови за достава на основните прехрамбенни продукти и горива, само мал број бензински станици во Грција добија нови количества бензини.

Грчките медиуми јавуваат дека голем број странски туристи, пред се од Бугарија и Србија, кои пристигнале на одмор во Грција со сопствен превоз, не можат да се вратат во своите земји, бидејќи не можат да се снабдат со бензин за нивните возила.

Медиумите во Србија објавија дека околу 100.000 Срби се блокирани во Грција, пред се на полуостровот Халкидики и на островот Тасос. Дел од нив велат дека гориво може да се најде само „под рака“ за цена од по пет евра за литар, што е трипати поскапо од нормалната цена.

Камионџиите го започнаа штрајкот во знак на протест поради владиниот предлот за либерализација на транспортниот сектор, која беше еден од условите за доделување на спасоносниот пакет од страна ММФ и ЕУ.

Со владиот план, чија реализација треба да почне од септември, се предвидува зголемување на конкурентноста во транспортот и укинување на монополската позиција на грчките превозници во тој сектор. сп/13:27

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 43,88 44,32
JPY 57,42 57,99
CHF 47,55 48,03
GBP 73,78 74,52
USD 48,14 48,63
EUR 61,35 61,97
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You