МИА - Македонска Информативна Агенција

четврток, 09 септември 2010,
Најнови вести:
RSS feed
БАЛКАН

Груевски: Ќе се фокусираме на слабостите, коренити реформи во судството и јавната администрација

Скопје, 31 јули 2010 (МИА) - Ќе се фокусираме на работите кои од Брисел се  оценети како слабости - администрацијата, судството и уште неколку други работи, а борбата со криминалот  и корупцијата ќе продолжи со силна динамика, изјави денеска премиерот Никола Груевски.

Тој посочи на серија закони во судството, кои за една до  две години треба да се применуваат во практиката и да  изменат многу крупни работи во таа област. Законските решенија ќе имаат одложена примена од 2011 или од  2012 година, а премиерот очекува тие да бидат усвоени во септември - октомври.

- Брисел ги следи состојбите во овој дел. Јас со писмо го информирав евроамбасадорот Фуле за детали од нашите активности. Тој во глобала ги познава работите, но ценев дека е добро да ги познава и деталите со оглед дека внимателно ја следи Република Македонија, така што пред една недела испратив писмо во кое во детали ги образложив нашите чекори што  ги планираме во судските реформи во блиска иднина,  за месец, два, три, во делот на админситрацијата и во продолжувањето на нашите напори во борбата со криминалот и корупцијата, рече Груевски по по поставувањето камен-темелник за изградба на три тениски игралишта во ОУ „Петар Поп Арсов“ во општина Карпош.

Груевски истакна дека по стапувањето во сила на законот за кривична постапка ќе биде нагласена новата улога која  треба да ја преземе јавниот обвинител. -  Владата, односно Министерството  за внатрешни работи, се откажува од одредени ингеренции и тие се даваат во рацете на јавниот обвинител, нешто што е пример во Италија и Германија, што беше препорачано од европските експерти кога беа во мисија тука, како и од д-р Франческо Мандои во 2007 година, додаде шефот на Владата.

За реформите во админситрацијата, пак, ангажиран е експерт од Словенија, поранешен министер за државна адмиистрација, по успешно спроведените реформи во Словенија. - Тој направи акционен план, ние го презентиравме и сега го чекаме извештајот на СИГМА, кој го има порачано Европската унија, за да ги инкорпорираме и таму сите препораки, па заедно со сето ова во октомври се надевам да преминеме кон некои поконкретни законски измени и нивно спроведување, информираше Груевски.

Според него,  јавната администрација најверојатно ќе стане дел од Министерството за информатичко општество, каде што веројатно ќе се припои и делот за телекомуникации од Министерството за транспорт и врски поради неговата пренатрупаност со надлежности.

Словенечкиот експерт понудил алтернатива - или да се формира министерство за јавна админситрација или јавната админсуитрација да влезе во Министерството за информатичко општество, зашто има допирни точки и исти цели - таа да се компјутеризира, дигитализира и  автоматизира. Тоа значи дека во иднина граѓаните  ќе можат наместо на шалтер сите обрасци, дозволи и други документи да ги добиваат по  електронски пат.

На новинарско прашање дали се согласува со позициите на идниот амбасадор во НАТО Мартин  Треневски и дали неговите презентирани ставови се и политика на државниот врв, Груевски одговори дека нема разлики во ставовите и дека Треневски нив ќе ги дообјасни во интервјуа во наредните денови.

- Се чини дека има недоразбирање, можеби несоодветен вокабулар во неговото излагање. Тој смета дека не е добро разбран, можеби не се изразил  најдобро и во интервјуата ќе се дообјасни. Во секо случај, стратешка цела на Владата е членството во НАТО, ние и и во оваа фаза сме негови сојузници и со Мартин Треневски немаме никакви разлики во тоа. Партнери сме во многу мисии и наша главна цел е да станеме полноправни членки во НАТО и ќе продолжиме во тој правец да работиме, додаде премиерот Груевски.

Груевски одговори и дека нема ново во  преговорите за името и дека не размислува за реконструкција не Владата како што пишувале некои медиуми. мд/хс/14:42

###

ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 43,88 44,32
JPY 57,42 57,99
CHF 47,55 48,03
GBP 73,78 74,52
USD 48,14 48,63
EUR 61,35 61,97
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You