Пешавар, 31 јули 2010 (МИА) - Повеќе од 800 лица го загубија животот во поплавите предизвикани од монсунските дождови кои изминатата недела го зафатија Пакистан, соопштија денеска пакистански официјални претставници.
Министерот за информирање на северозападната пакистанска провинција Хибер-Пахтунква, Миан Ифтикар Хусаин изјави дека многу луѓе се сметаат за исчезнати. Во невремето најмногу погоден е северозападниот дел од Пакистан, каде такви поплави немало од 1929 година.
Обединетите нации соопштија дека милион луѓе ширум земјата се погодини во поплавите во државата. Спасувачките екипи користат хеликоптери, камиони и чамци за да дојдат до погодените области. Според податоците на ОН, неколку илјади куќи и патишта се уништени, а најмалку 45 мостови во северозападниот дел од земјата се оштетени.
Поплавите во Пакистан предизвикаа излевање на реките, одрони, лизгање на земјиштето и затрупаност на цели села. рп/15:59
###