МИА - Македонска Информативна Агенција

четврток, 09 септември 2010,
Најнови вести:
RSS feed
МАКЕДОНИЈА

Формирана нова здравствена установа - Национален ургентен траума центар

Скопје, 31 јули 2010 (МИА) - Со одлука на Владата денеска е основана нова здравствена установа - Универзитетска Клиника за трауматологија, ортопедија, интензивно лекување, анестезија и реанимација, односно Национален ургентен траума центар. Ваквата реорганизација на системот е во согласност со новите трендови на развој во медицината, демографските и миграциски движења за тој да одговори најдобро на потребите на граѓаните, изјави министерот за здравство Бујар Османи.

Одлуката е во согласност со Стратегијата за интегриран систем  за итна медицинска помош усвоена на крајот од минатата година, која подвлече, е подготвена со широк професионален консензус, по претходна јавна расправа и со учество на експерти од СЗО.

Министерот Османи појасни дека со стратегијата се врши реорганизација на системот на итна медицинска помош на три нивоа, примарно, секундарно и терцијарно ниво. Примарното ниво значи во секој град да има итни медицински служби, второто ниво се однесува на регионални центри. Во Скопје тоа ќе биде Градската хируршка клиника, во Тетово новоформираниот Дијагностички ургентен центар, регионални центри ќе има и во Штип, Битола итн, за сите на крајот да конвергираат во врвот на пирамидата, а тоа е, како што вели, новоформираната Национална универзитетска клиника за траума.

- Примарна цел беше воспоставување систем кој ќе овозможи пристап до итна медицинска помош за најмалку осум минути во град, 15 минути во село. Се разбира дека на овој пат како колатерални ефекти ќе има и одредена рационализација поради избегнување на дуплирање на ресурсите во овие четири клиники, истакна министерот Османи.

За вршител на должноста директор на Националниот ургентен центар назначен е д-р. Реџеп Селмани, кој е актуелен директор на Ургентниот центар.

Османи информира дека на денешната седница Владата одобрила вработување на над 20 специјалисти гинеколози во гинеколошко акушерските одделенија во родилиштата во државата по констатираниот дефицит на специјалистички гинеколошки кадар. ва/15:25 

 

 


ONE

Deutsche Welle

ONE

Скопски саем

Стопанска комора на Македонија



Neocom

Курсна Листа

ВАЛ. КУП. ПРОД.
AUD 43,88 44,32
JPY 57,42 57,99
CHF 47,55 48,03
GBP 73,78 74,52
USD 48,14 48,63
EUR 61,35 61,97
Invest in Macedonia

Superbrands

Gjurgja

Makavej

Apel

Macedonia Loves You