4.7.2008 15:23
Девет повредени во оружен напад во Радуша, цел бил синот на пратеникот Рафиз Алити
Бесфор Алити (25), син на пратеникот од ДУИ Рафиз Алити, бил целта на оружениот напад што се случи синоќа во 23.45 часот пред чајџилницата „Вита“ во скопското село Радуша, во кој девет лица се повредени. Алити и уште еден од повредените се во критична состојба, тројца се пуштени на домашно лекување, а останатие се задржани во Клиничкиот центар, во Воената и во Градската болница во Скопје.
4.7.2008 13:31
Пресудите за Бошкоски и Тарчуловски на 10 јули
Судскиот совет на Хашкиот трибунал в четврток на 10 јули во 14:15 часот треба да ги соопшти пресудите за Љубе Бошкоски и Јохан Трачуловски во врска со случaјот „Љуботен“, соопшти денеска Судот во Хаг.
читај повеќе::
4.7.2008 14:48
Македонија со победа дебитираше на Европското првенство во ватерполо
Македонската ватерполо репрезентација со победа против Романија со 10:6 го почна премиерниот настап на Европското првенство што се одржува во Малага, Шпанија.
читај повеќе::
4.7.2008 13:08
Прва дирекна авионска линија меѓу Кина и Тајван по речиси 60 години
Во тајванскиот главен град Тајпеј денеска пристигна авион на кинеската авиокомпанија „Саутерн лајна ерлајнс“, со што е воспоставен прв директен лет меѓу Кина и Тајван по 1949 година.
читај повеќе::
4.7.2008 13:08
„Бремениот маж“ во САД роди девојче
Транссексуалниот Американец Томас Бити, кој и е познат на јавноста како „бремениот маж“ родил девојче, објави списанието „Пипл“. Бити потврдил за списанието дека на 29 јуни по природен пат се породил во болница во Орегон. Тој и бебето се во добра здравствена состојба. - Единствената разлика кај мене е што не можам да дојам, но многу мајки не можат, изјави Бити.
читај повеќе::
4 јули (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и топло. Попладне нестабилно облачно со повремен дожд и грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме во северозападните и источните делови. Температурата ќе се движи од 27 до 35 степени целзусови.
Астрономски календар
Петок, 4 јули 2008 година - 186 ден во 2008 година. До крајот на годината остануваат уште 180 дена. Денот трае 15 часа и девет минути. Сонцето изгрева во пет часот и три минута, а заоѓа во 20 часот и 12 минути. Месечината изгрева во шест часот и 17 минути, а заоѓа во 21 часот и 33 минути.